Top Sport

Еуфорија во Сплит: Младинците на Хајдук пречекани како херои од „Торцида“

Младинскиот тим на Хајдук Сплит обезбеди историски пласман во полуфиналето на Лигата на шампионите откако по пенали на елиминира Борусија Дортмунд. Големиот успех предизвика вистинска еуфорија во Хрватска, а посебно во Сплит.

Навивачката група „Торцида“ им приреди неверојатен пречек на младите фудбалери на „Пољуд“, ги скандираа имињата на младите фудбалери и приредија невидена еуфорија.

Момците на тренерот Маио Будимир за ривал пред финалето ќе го имаат славниот Милан.

Scroll to Top