Легендарниот бразилски „магионичар“ со топката, Роналдињо смета дека неговиот поранешен клуб Барселона може да го победи Реал Мадрид во трката за титулата и покрај огромната разлика на табелата
Барселона имаше лош почеток на сезоната 2021/22, но откако го сменија Роналд Куман со Чави Ернандез и донесоа неколку клучни засилувања во јануарскиот преоден рок имаат низа на фантастични резултати, вклучувајќи 0:4 победа над Реал во „Ел класико“ на 20 март.
„Сите сме возбудени што Барса повторно игра добро и се е возможно. Се надевам дека ќе успеат да ги стигнат Реал. Со враќањето на Чави ни се врати надежта. Како мој добар пријател и поранешен соиграч, знам за што е способен. И кога беше играч имаше фантастична визија за фудбалот и сега ме тера повторно да гледам мечеви на Барса“, вели Роналдињо, кој освои две титули од Ла лига и една од ЛШ со Барселона од 2003 до 2008 година.
Барса немаат пораз во 14 меча во Ла лига, но заостануваат 12 поени зад Реал Мадрид на првото место. Оваа разлика може вечерва да ја намалат на 9 со победа на гости кај Леванте, но до крајот на сезоната има само уште седум кола.