Top Sport

Роналдо: Бев многу блиску до потпис со Манчестер Сити

Интервјуто на Кристијано Роналдо со британскиот новинар Пирс Морган привлече неверојатно внимание. Претходните денови во медиумите се појавија одделни фрагменти од разговорот меѓу двајцата, во кои Португалецот упати сериозни напади кон управата на Манчестер Јунајтед и менаџерот на тимот, Ерик тен Хаг. Тој смета дека Манчестер Јунајтед како клуб го изневерил, а дека нема почит кон Ерик тен Хаг, затоа што и стратегот нема респект кон него.

Вечерва беше објавен првиот дел од големото интервју, а Португалецот призна дека бил многу блиску до потпис со Манчестер Сити. Сепак, на крајот го послушал срцето и се вратил на „Олд Трафорд“.

„Искрено, бев блиску до Сити. Пред две недели Гвардиола рече дека вложиле сериозни напори да ме доведат. Но, ја знаете мојата историја со Манчестер Јунајтед. Моето срце му припаѓа на овој тим и ми кажа каков избор да направам. Ова беше пресудно за мојот избор. Но, би излажал ако кажам дека не бев блиску до договор со Манчестер Сити. На крајот донесов одлука и не се каам за тоа“, изјави Роналдо, кој дополни и дека Вејн Руни и Гери Невил со критиките кон него сакаат да добијат дел од славата, а многу повеќе ги почитува Рио Фердинанд и Рој Кин.

Scroll to Top