Top Sport

Роналдо: Брадата? Не е поради Меси, тоа е сигурно

Кристијано Роналдо откри зошто пред мечот со Мароко се појави со нов изглед, со кратка „јарешка“ брада, но посочи дека нема никаква врска со вечниот ривал Лионел Меси.

Многумина ја оценија брадата на Роналдо како уште една „боцка“ кон Меси, откако аргентинскиот фудбалер имаше фото-сесија со коза поради англиската кратенка за „Greatest of all time“ (GOAT), или коза на англиски, но Португалецот вели дека се работи само за облог.

„Брадата? Се работи за шега која ја имав со Рикардо Кварезма. Бевме во сауна пред петочниот меч против Шпанија и почнав да се бричам и му кажав дека ако постигнам гол ќе ја оставам до крајот на турнирот. И ми донесе среќа, постигнав голови таму, постигнав гол и тука, така што засега останува“, вели Роналдо.

Фото: ЕПА

Роналдо-Меси 1:0, барем засега…

Scroll to Top