Top Sport

Роналдо доби нова контроверзна статуа, овојпат во Индија

Новата статуа на Кристијано Роналдо во Гоа, на западниот брег на Индија, која треба да ги инспирира младите да го следат неговиот пример, предизвика контроверзи кај дел од локалните жители, кои сметаа дека е потребно да се следат домашните херои, а не од колонизаторите од Португалија.

Локалните власти во градот Калангуте во провинцијата Гоа, велат дека се горди што Кристијано Роналдо доби статуа во Индија.

„Ова е само потег за инспирација на нашата младост. Ако сакате да го кренете фудбалот на највисоко ниво, нема подобар пример. Затоа младите момци и девојки прават селфи со статуата“, вели министерот за Гоа, Михаел Лобо.

Но дел од јавоста смета дека не треба да се оддава почит на Португалец, бидејќи Гоа беше португалска колонија до 1961 година.

„Имаме и фудбалери од Калангуте како Бруно Кутињо и Јоланда Д’Соуза, кои играа фудбал за индиската репрезентација. Зошто да немаме нивни статуи? Зошто да се постави Португалец?“, вели претседателот на собранието на Калангуте, Премананд Дивкар.

Ова не е првпат статуа на Роналдо да предизвика интерес и контроверзи. Во 2017 година беше поставена славната „искривена“ статуа во неговиот домашен остров Мадеира, која стана предмет на потсмев на Интернет и подоцна беше заменета.

Scroll to Top