Флорентино Перез во своите два мандати како претседател на Реал Мадрид во клубот успеал да донесе многу звучни засилувања, а во разговор за една шпанска радио станица тој открил кое е најдоброто засилување што успеал да го донесе на „Сантијаго Бернабеу“.
„Сум успеал да донесам многу големи фудбалери во Реал Мадрид, но Кристијано Роналдо е најдобриот што воопшто играл за овој клуб. Тој минатото лето ми кажа дека сака нов предизвик и поради тоа не напушти. Никогаш не правеше проблеми и поради тоа му ја исполнивме желбата, бидејќи тој тоа и го заслужи. Сигурно е дека ќе биде запаметен како најдобар играч во историјата на Реал Мадрид“, рекол Перез.
Кристијано Роналдо во 2009 година стана играч на Реал, а минатото лето тој за нешто повеќе од 100 милиони евра се пресели во Јувентус.