Кристијано Роналдо со гол во 84. минута им донесе на италијанските шампиони Јувентус 1:1 реми со градскиот ривал Торино во интересниот старт на претпоследното коло во Серија А.
„Биковите“ имаа изненадувачко водство од 18-тата минута на „Алијанц стадионот“ откако Миралем Пјаниќ му „подари“ шанса на Саша Лукиќ, и гостите имаа предност до самиот финиш на натпреварот, кога ЦР7, како многу пати оваа сезона беше „џокер“ на Јуве, добивајќи одлично нафрлање од Спинацола и лесно со глава го совлада Сиригу.
Торино има само една победа во последните 25 мечеви со Јувентус (2:1 во април 2015 година), со пет ремија и 19 порази. Торино останува на шестото место со 57 поени, еден помалку од Рома и два зад Аталанта во тесната битка за место во Европа, на четири кола пред крајот.