Јувентус синоќа ја победи Парма со 2:1 и ја зголеми предноста на врвот на табелата во однос на Интер на четири поени. Двата гола за Јувентус ги постигна Кристијано Роналдо, а прославата на вториот стана вирален хит.
Португалецот го постигна вториот гол во 58 минута, кога ја заврши одличната акција на Паоло Дибала.
Роналдо и Дибала одлично соработуваат оваа сезона, иако минатата сезона Масимилијано Алегри тврдеше дека тие двајца не можат да играат заедно.
„Соработката“ се забележа и кај прославата на голот, Роналдо со бакнеш во устата го „награди“ Дибала.
???♂️ — Dybala & Cristiano Ronaldo ? #JuveParma pic.twitter.com/m00JlEzyJc
— insta: @jaivanfutoficial ❁ (@JaivanFUT) January 20, 2020