Кристијано Роналдо го постигна единствениот гол во италијанскиот Суперкуп за 1:0 победа над Милан на стадионот „Крал Абдула“ во Џеда, Саудиска Арабија за да го крене својот прв трофеј како фудбалер на „бјанконерите“.
По првото полувреме во кое Јуве имаше две одлични шанси, но за малку ќе беше казнет од Милан, клучниот момент се случи во 61. минута, кога Миралем Пјаниќ му нафрли одлична топка на Португалецот, кој од позиција која беше на „раб“ на офсајд го совлада Џиџи Донарума.
WHO ELSE ON A BIG NIGHT? WHO ELSE TO OPEN THE SCORING? CRISTIANO RONALDO FOR JUVENTUS!!!!!!! THE BEST IN THE WORLD!!!!!!1pic.twitter.com/HOPamJ8OCR
— Mu. (@TheCristianoGuy) January 16, 2019
По ова, во 71. минута од мечот, Џенаро Гатузо фрли сè на една карта, со внесување на Гонзало Игуаин и Фабио Борини во игра, но само три минути подоцна „росонерите“ останаа со 10 играчи по црвениот картон на Кеси за грубиот старт над Емре Џан.
⚽️ #SuperCoppa Italiana ??
⏱️73′ | Franck Kessie (MIL) leaves the pitch after being shown a red card!
Juventus 1-0 AC Milan#JuveMilan #TheSwypeSportspic.twitter.com/X0Z3UaQSCP
— The Swype Sports ⚽ (@TheSwypeSports) January 16, 2019