Top Sport

ВБЦ нареди ри-меч меѓу Фјури и Вајлдер

Дионтеј Вајлдер и Тајсон Фјури ќе мораат повторно да влезат во рингот, откако Светската боксерска федерација (ВБЦ) им нареди ри-меч по нивното контроверзно реми во декември.

Три години откако го победи Владимир Кличко за да стане апсолутен шампион во тешка категорија, Фјури се врати во рингот во 2018 и според многумина беше подобар противник од Вајлдер, иако се најде на подот по еден нокдаун. ВБЦ побара ри-меч и двајцата мораат да се договорат до 5 февруари.

„ВБЦ ги извести двата тима дека е отворен периодот на преговори и дека ќе мораат да се договорат до 5 февруари. ВБЦ исто така го помести односот на исплата од 70-30 на 60-40 во корист на Вајлдер поради зголемената пазарна вредност на Фјури“, се вели во соопштението на ВБЦ.

Ова не е добра вест за британскиот шампион Ентони Џошуа, кој се надеваше дека ќе се сретне со еден од двајцата непоразени боксери на 13 април на „Вембли“. Наместо Фјури или Вајлдер, Џошуа најверојатно ќе влезе во рингот со Британецот Дилијан Вајт или со Американецот Џерел Милер.

Вајлдер има доказ, Фјури се исправи откако завршија 10-те секунда во нокдаун (видео)

Scroll to Top