Кристијано Роналдо има голема желба повторно да игра со својот поранешен соиграч од Реал Мадрид, Хамес Родригез во Јувентус, вели германската легенда Лотар Матеус.
Родригез по две сезони во Баерн Минхен како позајмен играч, се враќа во Реал Мадрид, каде што нема сигурно место по „ремонтот“ на тимот под водство на Зинедин Зидан, кој дозволи тој да бара нов клуб. 27-годишниот Родригез според шпекулациите беше блиску до Премиер лигата, меѓутоа Матеус вели дека дестинацијата е Италија.
„Разговарав со Хамес пред две недели кога се прославуваше титулата на Баерн од Бундеслигата. Според мене, тој ќе заврши во Јувентус. Тој е близок со Кристијано Роналдо и ми кажа дека постојано е во контакт со него и дека тој му кажал дека го сака во Јувентус. Двајцата заедно можат да блеснат“, вели Матеус.
Роналдо и Родригез заедно освоија две титули од Ла лига и две од Лигата на шампионите заедно.