Top Sport

Вилјареал го сруши рекордот за да го донесе Пако Алкасер

Борусија Дортмунд дозволија Пако Алкасер да потпише договор со Вилјареал, откако најверојатно во Бундеслигата ќе заврши Емре Џан од Јувентус. 26-годишниот Алкасер се враќа во Шпанија за сума од 23 милиони евра, што е рекорд за клубот.

Поранешниот фудбалер на Барселона имаше одличен престој во Бундеслигата, откако во првата сезона во 2018/19 имаше 18 гола во 26 настапи во германската лига, од кои дури 11 во натпревар кога беше замена. Алкасер потоа во февруари 2019 година потпиша постојан договор со Дортмунд на пет години, но оваа сезона имаше само 9 старта, а по доаѓањето на Ерлинг Халанд немаше место во тимот на Лусиен Фавр.

Со овој трансфер, Вилјареал сака да ги покаже своите високи амбиции – клубот е на осмото место во Ла лига и се пласираше во четврт-финалето на Копа дел реј во средата.

Scroll to Top