Top Sport

Роналдо: Горд сум на моите 1.000 мечеви

Кристијано Роналдо вчера го одигра својот 1.000 меч при 2:0 победата во големото италијанско дерби против Интер на „Алијанц стадионот“ по што на Инстаграм ги објави своите мисли за ова достигнување.

35-годишниот Португалец не постигна гол во неделата, но сепак може да се пофали со 725 голови за четирите клуба во кои играл во 18-те сезони како професионалец: Спортинг Лисабон, Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус.

„Горд сум што стигнав до 1.000 официјални натпревари со многу важна победа со која се вративме на врвот на табелата. Благодарност до сите соиграчи, тренери, моето семејство и пријатели и до сите фанови кои ми помогнаа да стигнам до ова големо остварување“, пишува Роналдо.

ЦР7 за Јунајтед одигра 292 натпревари во кои постигна 118 голови, откако прво за Спортинг во 30 меча постигна 5 гола. За Португалија тој има одиграно 164 натпревари и постигнато 99 гола, помагајќи им да стигнат до титулите од Европското првенство и од Лигата на нации. Тој има и пет „Златни топки“, пет ФИФА награди за најдобар фудбалер и три УЕФА награди за најдобар европски фудбалер.

Scroll to Top