Top Sport

Хабиб се потсмева со Конор: Помоооош!

Хабиб Нурмагомедов и Конор Мекгрегор влегоа во нова битка, овојпат преку Твитер, откако Ирецот го критикуваше колегата на Хабиб, Ислам Махачев за контроверзниот твит за жените во ММА.

Махачев, во текот на дуелот меѓу Жанг Веили и Џоана Једржејчак на УФЦ 248 во саботата навечер напиша: „Ова не е женски спорт“, пред да го избрише твитот по голем број на негативни реакции. Конор не пропушти да одговори.

„Апсолутен кретен. Осуден стероиден измамник кој ќе направи сè за да избегне дуел, а потоа зборува за еден од најголемите мечеви на женските борци. Мал гремлин! Валкани стаорци. Срамота за спортот“, напиша Конор

Ова наиде на инстант-одговор од Хабиб, кој едноставно се потсмеваше со Хабиб со фотографија од нивниот меч на УФЦ 229.

„Помооош!“, напиша Хабиб.

Веднаш потоа и Мекгрегор одговори со своја фотографија на која Хабиб се крие од масовната тепачка во Лас Вегас.

„Улична тепачка“, беше одговорот на Мекгрегор.

Хабиб не остана покус и со видео од удирањето на стариот човек во еден паб во Даблин порача: „Покажи на твојот син колку си добар во улична тепачка“.

Секако, сите би сакале да видат пресметка меѓу двајцата фајтери во УФЦ кафезот, а не на Твитер.

Scroll to Top