Кристијано Роналдо и Георгина Родригез се меѓу најпрепознатливите славни двојки на светот, со милиони следбеници на социјалните мрежи и огромни суми кои ги добиваат од своите спонзори.
Но, и покрај заработувачката која Георгина ја има како модел (на пример 8.000 евра месечно од еден бренд на козметика кој го рекламира на Инстаграм), Роналдо и префрла 100.000 евра месечно за „трошоци и грижа за децата“, тврди шпанското ТВ шоу „Вива ла вида“.
Георгина е задолжена за чување на петте деца на Роналдо кога тој е на тренинзи и натпревари, а неодамна објави документарна серија „Јас сум Георгина“ во која зборува за својот живот како мајка, бизнисменка, партнерка и инфлуенсерка.