Top Sport

Роналдо: Им отворив врата на сите, уште многу ѕвезди ќе дојдат во Саудиска Арабија

Кристијано Роналдо е „1000 отсто сигурен“ дека уште многу првокласни фудбалери ќе го следат во Саудиска Арабија и покрај тоа што неговиот вечен ривал, Лионел Меси се реши за преселба на другата страна на планетата, во американската МЛС лига.

Португалецот во декември 2022, откако се договори за раскин на договорот со Манчестер јунајтед, го потпиша најбогатиот договор во светскиот фудбал со саудискиот Ал-Наср, а на крајот на оваа сезона, Карим Бензема исто така замина од Реал Мадрид за преселба во Ал-Итихад.

„Знаев кога отидов во Саудиска Арабија дека ќе отворам кутија за сите и не згрешив. Сигурен сум дека за две-три години, оваа лига ќе биде меѓу најважните на светот. Карим веќе замина и 1000 отсто сум сигурен дека уште многу играчи ќе дојдат. Нека дојдат сите ѕвезди во Арабија, нема никаков проблем со лигата, сакаме конкуренција“, вели Роналдо.

Ѕвездата на Челси, Н’Голо Канте е пред трансфер во Саудиска Арабија, токму во тимот на Роналдо, а се верува дека богати понуди има и за Серхио Рамос, Жорди Алба, Серхио Бускетс, Вилфрид Заха и Роберто Фирмино.

Scroll to Top