Top Sport

Роналдо им викал на соиграчите на полувремето со Аталанта: Не ви е срам!?

Освен што е познат како еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, португалскиот ас Кристијано Роналдо е препознатлив и по својот победнички менталитет, каде и да игра.

Иако Манчестер Јунајтед се чини не го игра најдобриот фудбал во моментов, без Португалецот сето тоа би изгледало уште полошо.

Англиските медиуми дознаваат дека Роналдо всушност бил клучот на пресвртот на мечот од ЛШ против Аталанта откако италијанскиот тим по првите 45 минути имаше предност од 2-0 на „Олд Трафорд“.

„Не само што го постигна победничкиот гол за 3-2, туку и при негатива од 2-0 на полувремето во соблекувалната на висок тон им одржал лекција на соиграчите. Ги прашал соиграчите дали не им е срам. Им рекол дека ова што го прикажуваат не доликува на Манчестер Јунајтед на `Олд Трафорд`. Им рекол дека мора да дојдат до победата затоа што ако тоа не се случи, може да се најдат во ситуација да не ја поминат групата“ ја пренесува „Сан“ информацијата од доверлив извор од клубот.

Scroll to Top