Ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо преку Инстаграм прати порака дека неговиот клуб сака да ја освои „Италија, Европа и светот“ пред стартот на неговата трета сезона со „бјанконерите“, дефинитивно ставајќи крај на сите шпекулации дека планира да замине од Торино.
По испаѓањето на Јуве од ЛШ од Лион и смената на Маурицио Сари со Андреа Пирло, се шпекулираше дека Роналдо бил заинтересиран за трансфер во Пари Сен-Жермен, но Роналдо, кој постигна 31 гол во 33 меча во Серија А, вети дека ќе се бори за враќање на европскиот трофеј.
„Се подготвувам за мојата трета сезона како ’бјанконеро’, и мојот дух и амбиција се на највисоко ниво. Голови. Победи. Посветеност. Професионализам. Со цела моја сила и со помошта на моите соиграчи и цел Јувентус, ќе работиме да ја освоиме Италија, Европа и светот. Рушење на рекорди. Надминување на пречки. Освојување на титули и остварување на лични цели. Да се направи повеќе и да се биде подобар. Да се стигнедо висока цел и да се надминат сите пречки“, пишува Роналдо.