Top Sport

Роналдо ќе го добие Паоло Роси трофејот со 29 дијаманти, по еден за секој гол

Кристијано Роналдо ќе биде првиот добитник на наградата Паоло Роси откако беше „капоканониере“ (најдобар стрелец) во Серија А минатата сезона.

Новата награда го носи името на легендарниот италијански напаѓач и освојувач на Светското првенство, Роси, кој почина на 64 години во декември 2020. Наградата ќе го смени и изгледот – сега ќе биде транспарентна топка во плексиглас со два сребрени диска, од кои на едниот ќе биде ликот на Роси.

На трофејот исто така ќе бидат поставени 29 дијаманти, за секој гол кој 36-годишниот Роналдо го постигна за Јувентус во 2020/21.

Scroll to Top