Top Sport

Роналдо ќе го пропушти стартот на сезоната

Кристијано Роналдо најверојатно ќе го пропушти првиот натпревар на Манчестер јунајтед во новата сезона. Јунајтед ќе го пречека тимот на Брајтон, на 7. август на „Олд Трафорд“.

Роналдо поради „лични причини“ ги пропушти подготовките на Јунајтед во Азија и Австралија.

Во текот на летото Јунајтед играше против Ливерпул (4:0), Мелбурн Викторија (4:1), Кристал Палас (3:1) и Астон Вила (2:2).

Пред почетокот на сезоната, тимот на Ерик тен Хаг ќе уште два натпревари со Атлетико Мадрид (30. јули) и Рајо Ваљекано (31. јули).

Во меѓувреме постојано се шпекулира за заминување на Роналдо од Јунајтед, бидејќи „црвените ѓаволи“ во новата сезона нема да играат во Лигата на шампионите.

Се споменуваат бројни клубови, а наводно неговиот агент Жорге Мендеш го понудил на Атлетико Мадрид.

Роналдо се уште не се вратил на тимските тренинзи, но не одмара туку работи индивидуално во теретана.

Scroll to Top