Top Sport

Пријател на Шумахер: Жена му на Михаел лаже за неговата состојба!

Вилхелм Вебер, екс-менаџерот на Ф1 пилотот, Михаел Шумахер вели дека сопругата на Михаел, Корина ја крие вистината за неговата здравствена состојба.

Вебер за „Дејли мејл“ изјави дека му е жал што не може да го посети пријателот, затоа што тоа не го дозволува Корина.
„Знам дека на Михаел му е тешко, но не знам дали има направено било каков напредок. Би сакал да знам како му е, да се ракувам со него и да го погледнам в лице. За жал, Корина тоа не го дозволува. Веројатно се плаши дека ќе видам што се случува и тоа ќе го пласирам во јавност. Силно верувам дека Михаел ќе се опорави, тој е борец, ако постои шанса, тој ќе ја искористи, не може да биде крај. Се молам за него и верувам дека повторно ќе го видам“ – изјавил Вебер.

Михаел Шумахер во 2013 година настрада во несреќа при скијање, се здоби со тешка повреда на мозокот удирајќи во камен.

Тогаш во болницата рекоа дека Шуми би загинал доколку не ја носел кацигата, а потоа беше ставен во индуцирана кома.

Оттогаш е во Женева каде за неговото здравје се грижи сопругата, а екс-Ф1 пилотот повремено оди во болница на прегледи.

Од несреќата до денеска Шумахер не е појавен во јавност.

Scroll to Top