Еден од најдобрите светски фудбалери на денешницата, Португалецот Кристијано Роналдо најави венчавка со неговата девојка Георгина Родригез.
„Ќе се венчаме еден ден, сигурно. Тоа исто така е и сон на мојата мајка. Сјајно и е. Таа е мој пријател, имаме одлична комуникација. Си го отвораме срцето еден на друг“ – рече Роналдо.
За потсетување, првата ѕвезда на Јувентус со Георгина е заедно од 2016 година. Се запознале на модна ревија, каде таа работела како продавачка.
„Да се биде партнер на некој кој е толку познат, не е лесно, но тоа не би го менувала за ништо на светот. Она што го чувствувам за него е посилно од се, од секој притисок“ – изјави Герогина во минатото.