Top Sport

Роналдо минатото лето требало да потпише за Олимпик Марсеј

Поранешниот дефанзивец на Олимпик Марсеј, Базил Боли, потврди дека францускиот клуб имал разговори со Кристијано Роналдо минатото лето. Тогаш напаѓачот беше дел од Манчестер Јунајтед, но бараше нов тим.

„Минатото лето Роналдо разговараше со Олимпик Марсеј. Требаше да ни се придружи. Тој може да донесе нешто посебно во францускиот шампионат. Кристијано е талентиран фудбалер, иако е во поодминати години. Мислам дека ќе ги натера дефанзивците во Лига 1 да се тресат до коска. Роналдо е огромен бренд“, изјави Боли за „Беин Спортс“.

Роналдо (37) сега е слободен играч откако неговиот договор со Манчестер Јунајтед беше раскинат пред почетокот на Светското првенство.

Scroll to Top