Top Sport

Пеп Гвардиола ќе биде селектор на Бразил?

Шпанскиот стратег Пеп Гвардиола се најсериозниот кандидат за нов селектор на фудбалската репрезентација на Бразил. По завршувањето на Светското првенство, тој би требало да го наследи актуелниот селектор на „кариоките“, Тите.

Раководните луѓе на фудбалот во Бразил стапиле во контакт со братот на Гвардиола, кој е и негов агент, и му понудиле да ја преземе репрезентацијата за годишна плата од 12 милиони евра.

Гвардиола има договор со Манчестер Сити до 2023 година и би можел да го прифати новиот предизвик за да ја води селекцијата на Бразил.

Scroll to Top