Top Sport

Роналдо му прати емотивна порака на повредениот сонародник Гомеш

Капитенот на португалската репрезентација, Кристијано Роналдо преку социјалните мрежи му прати порака за поддршка на својот соиграч од репрезентацијата, фудбалерот на Евертон, Андре Гомеш, кој вчера доби хорор-повреда.

Гомеш денеска беше на операција за скршениот зглоб добиен по стартот на Хеунг-Мин Сон од Тотенхем при 1:1 ремито на „Гудисон парк“ и го очекува пауза од најмалку од година дена. Евертон објавија дека очекуваат тој целосно да се опорави и покрај првичните стравувања дека кариерата му е загрозена.

Тој доби многу пораки на поддршка од светот на фудбалот, а Роналдо беше еден од тие кои не заборавија на својот соиграч од репрезентацијата.

„Брзо опоравување Андре, ќе се вратиш уште посилен“, напиша Роналдо со фотографија на двајцата фудбалери во португалската репрезентација.

Евертон до реми со Тотенхем по хорор-повредата на Андре Гомеш (вознемирувачко видео)

Scroll to Top