Top Sport

Роналдо навреден од понудите што ги добиле Бензема и Меси

Клубовите од Саудиска Арабија започнаа жестока офанзива за големите фудбалски ѕвезди. Со вреќи пари се обидуваат да ги донесат во нивното национално првенство. Во јануари го обезбедија потписот на Кристијано Роналдо, а вчера официјално е потврдено дека и Карим Бензема кариерата ќе ја продолжи во оваа земја.

Медиумите тврдат дека Саудиска Арабија сака да потроши 20 милијарди евра, за да донесе голем број врвни фудбалски имиња, со цел да ја промовира кампањата за домаќин на Светското првенство во 2030 година.

По Роналдо и Бензема, ќе се обидат да ги донесат Лионел Меси, Нголо Канте, Давид де Хеа, Анхел Ди Марија, Роберто Фирмино, Илкај Гундоган, Вилфрди Заха, Серхио Рамос…

Дел од светските медиуми, во средата објавија дека Роналдо се навредил кога разбрал колкави плати им се нудат на потенцијалните засилувања. Бил лут кога слушнал колкава плата добил Бензема и колкава плата Саудијците му нудат на меси.

Наводно се заканил дека ќе го напушти Ал-Наср, доколку неговата плата не биде зголемена.

Роналдо има годишна плата од околу 200 милиони евра. Бензема за три години ќе заработи 600 милиони евра, а според медиумите доколку Меси ја прифати понудата кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија, тој за две години ќе добие 1,2 милијарди евра.

Саудијците со „луди“ понуди и за Илкај Гундоган и за Н’Голо Канте

Scroll to Top