Top Sport

Роналдо Назарио е разочаран од бразилската јавност: Ти си еб.ниот Нејмар!

Повредата на Нејмар на мечот со Србија придонесе дел од бразилската јавност да се сврти против фудбалерот на Пари Сен-Жермен, што поради политички причини (тој го поддржуваше конзервативниот претседател Жаир Болсонаро), што од чиста завист, но тој ја има поддршката од легендарниот Р9, Роналдо Назарио кој прати емотивна порака преку социјалните мрежи.

Роналдо најдобро знае какви се очекувањата на бразилската јавност по „колапсот“ во контроверзното финале од СП во 1998, за потоа четири години подоцна да ја освои титулата со Бразил.

„Не можам да го започнам ова отворено писмо на друг начин: Ти си еб.ниот Нејмар! Џин! Сигурен сум дека повеќето Бразилци, како мене, ти се восхитуваат и те сакаат. Твојот талент, кој те однесе толку високо исто така донесе љубов и посветеност низ целиот свт. Токму поради оваа причина, за тоа што стигна каде што си, за успехот кој го направи, мораше да се соочиш со токму завист и зло. Каде сме стигнале ако славиме повреда на ѕвезда каква што си ти, со таква животна приказна? Каков свет е ова? Каква порака праќаме кон младите генерации? Секогаш ќе има некои кои ќе навиваат против тебе, но тажно е да се види општество кое е на пат да се нормализира нетолеранцијата, говорот на омраза. Поради ова вербално насилство со уништувачка моќ ти пишувам денеска: Врати се посилен! Поумен! Гладен за голови! Доброто кое го правиш на теренот и надвор од него е посилно од секој завист. Не заборавај го својот пат кој те направи светски фудбалски идол. Бразил те сака! Вистинските фанови, тие кои секогаш се позитивни, ги сакаат твоите голови, твојата храброст и твојата радост. Не им се предавај на зависните. Прославија ја радоста која доаѓа од поголемиот дел од нашата земја. Ќе се вратиш Нејмар и омразата искористи ја како гориво“, напиша Роналдо.

Scroll to Top