Тотенхем успеа да триумфира првпат по четири меча во Премиер лигата, победувајќи го Норич со 2:1, додека Лестер ја прекина низата од два порази со 4:1 триумф над Вест хем во мечеви од 24. коло во Премиер лигата.

Тимот на Жозе Мурињо започна ветувачки, откако Деле Али во 38. минута го скрши отпорот на гостите за водство од 1:0, но во второто полувреме, Норич успеа да израмни преку својот миленик Тему Пуки во 70-тата минута. Трите поени и израмнување со Манчестер јунајтед на шестото место во Премиер лигата за Тотенхем ги донесе Сон-Хеунг Мин во 80-тата минута од мечот.

„Лисиците“ пак, имаа 2:0 на полувреме со головите на Барнс и Переира, пред во второто полувреме да се досуди по еден пенал за двата тима за конечни 3:1. Лестер се трети на табелата со 48 поени, три помалку од второпласираниот Манчестер сити и дури осум пред четвртопласираниот Челси.

ПРЕМИЕР ЛИГА, 24.КОЛО

Лестер – Вест хем 4:1

Тотенхем – Норич 2:1