Top Sport

Роналдо: Никогаш нема да „притискам“ моите деца да бидат фудбалери

Кристијано Роналдо инсистира дека никогаш нема да го притиска неговиот најстар син Кристијано Јуниор да стане професионален фудбалер, иако неодамна со интересна фотографија на Инстаграм го нарече „иднина“

36-годишниот фудбалер на Манчестер јунајтед во новиот документарен филм за неговата девојка Георгина Родригез, „Јас сум Георгина“, вели дека иако Кристијано Јуниор може да стане „голем фудбалер“ ако остане посветен на спортот, тоа не е нешто најважно.

„Само времето ќе покаже дали ќе стане фудбалер. Никогаш нема да го притискам, ќе го прави тоа што го сака. За Кристијанито и за моите деца сакам да се среќни и да го направат својот избор. Јас сум тука да ги поддржувам“, вели Роналдо.

Покрај 11-годишниот Кристијано Јуниор, тој има уште три деца – четиригодишните близнаци Ева Марија и Матео и четиригодишната ќерка Алана Мартина, додека Георгина е бремена со неговото петто дете.

„Најдоброто нешто што можеме да направиме е да имаме деца и да ги едуцираме со бесконечна љубов. Исто така е важно да имаш жена покрај тебе која ти нуди стабилност. Тогаш детското образование е феноменално“, објаснува Португалецот.

Scroll to Top