Top Sport

Роналдо одби да потврди дали останува во Јуве

Кристијано Роналдо вели дека што и да се случи ова лето околу неговата фудбалска иднина „ќе биде за најдоброто“, по шпекулациите кои го поврзуваат за заминување од Јувентус во Пари Сен-Жермен или Манчестер јунајтед.

36-годишниот ветеран има уште една сезона од договорот со Јувентус, но одби да потврди дека ќе биде и следната година во Торино, одговарајќи на прашање дали ќе му бидат пречка шпекулациите пред стартот на ЕУРО 2020 за Португалија.

„Играм на највисоко ниво многу години и такви работи не ми пречат. Можеби кога имав 18 или 19 ќе имав бессони ноќи, но сега имам 36 години. Што и да дојде следно, ќе биде најдобро, без разлика дали ќе останам или ќе одам на друго место. Сега размислува на ЕП. Иако ова ми е петто Еуро, исто како да е прво. Сакаме да бидеме силни на почеток“, изјави Роналдо.

Scroll to Top