Top Sport

Фантастичниот Шик и Чесите им го загорчија животот на Шкотите

Шкотска чекаше 23 години повторно да настапи на едно големо фудбалско натпреварување, но враќањето им го загорчија Патрик Шик и чешката репрезентација, која стигна до 2:0 победа во нивниот прв меч од групата Д, каде што сега ги чека дуел со уште потешките противници, Англија и Хрватска.

Шкотланѓаните почнаа фуриозно, како да сакаа да надополнат 23 години отсуство од големите натпреварувања (од СП во Франција во 1998 година), но по првите 15 минути, Чесите полека ја вратија контролата на играта.

Откако имаа неколку шанси, вклучувајќи ја најдобрата преку капитенот Робертсон, казната стигна во 42. минута, кога по третиот корнер во низа, напаѓачот на Баер Леверкузен, Шик беше највисок во скокот. Само што почна второто полувреме, во 52. минута, Шик забележа дека голманот Дејвид Маршал беше излезен од својот гол и упати апсолутно неверојатен удар од речиси половина терен за 2:0.

Ударот на Шик беше од 45.5 метри, со што тоа е голот од најдалеку во историјата на Европските првенства, а потегот беше уште поимпресивен бидејќи се работеше за „вртена“ топка со неверојатна траекторија. Сигурно меѓу најдобрите голови во 2021 година.

По ова, Шкотланѓаните повторно имаа повеќе од поседот на топката, но тоа не резултираше со промена на резултатот, иако селекторот Стив Кларк внесе во игра напаѓачи.

Графика: Sofascore за Топспорт.мк

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top