Top Sport

Роналдо откри како ја поминал „аудицијата“ кај Сер Алекс Фергусон (видео)

Кристијано Роналдо се шегува дека 100 клубови би сакале да потпишат со него по пријателскиот меч помеѓу Спортинг Лисабон и Манчестер јунајтед во 2003, кој го убедил Сер Алекс Фергусон да го донесе тогаш 19-годишниот Португалец на „Олд Трафорд“.

Тогашниот тинејџер веќе предизвика внимание на неколку европски клубови кога Ферусон пристигна во Португалија за меч со Спортинг, но победата од 3:1 од домашниот тим ја запечатила судбината на ЦР7.

„Тоа беше прв натпревар на новиот стадион на Спортинг. Се сеќавам совршено, како да се случи денеска. Бев многу среќен. Игравме против еден од најдобрите клубови на светот и мечот беше спектакуларен. Но, бев и нервозен, како пред секој голем меч. Знаев дека ако играм добро ќе привлечам внимание не само од Манчестер, туку и од другите клубови. Уживав во тој натпревар“, вели Роналдо.

Португалецот, кој сега е во Јуве по освојувањето на низа титули со Јунајтед и Реал Мадрид, тогаш не успеа да постигне гол, но вели дека 100 клуба би го сакале кога тоа би се случило.

„Тогаш бев повеќе ориентиран на дриблање и не бев директен напаѓач како во последните години. Не беше важно да се постигне гол, но да се случеше, 100 клуба ќе ме сакаа, а вака имаше сасмо 50. По мечот знаев дека не треба да се докажувам. По мечот, Сер Алекс дојде и зборувавме и бев многу среќен“, додава Роналдо.

Scroll to Top