Фудбалерот на Јувентус, португалскиот ас Кристијано Роналдо денеска изјави дека со претстојниот осминафинален меч со Порто започнува долгиот пат до финалето во елитното натпреварување.
„Утре не чека многу важен меч против многу силен тим. Се надевам дека тоа може да е почеток на долгиот пат кој сакаме да го поминеме се до финалето. Го почитуваме противникот, но нашата амбиција е победа и ние сме 100% фокусирани на нашата цел“ наведе Роналдо на социјалните мрежи.
Фудбалерите на „Старата дама“ утре нагости кај Порто го играат првиот осминафинален меч од ЛШ.
Јуве влегува во овој меч по поразот од Наполи изминатиот викенд, но во Европа целта им е јасна – финале во ЛШ.
Реванш мечот е на 9. март во Торино.