Top Sport

Хамилтон: Ова е нестварно, го израмнив рекордот на Фанџо

Луис Хамилтон, од вчера е петкратен шампион во Формула 1. Британецот, на трката во Мексико го освои четвртото место и во пресрет на последните две трки во шампионатот (Бразил и Абу Даби), стекна недостижна предност во однос на Себастијан Фетел.

„Чувствто е чудно. Трката во Мексико беше многу тешка. Добро стартував, потоа не знам што се случи. Важно беше само да ја завршам трката. Титулата не ја освоивме тука, титулата ја освоивме со напорната работа во теот на целата сезона. Благодарен сум на моето семејство и на луѓето од тимот. Без нив немаше да го остварам ова“, рекол Хамилтон.

foto: epa

Британецот на вечната листа се израмни на второто место со легендарниот Аргентинец, Хуан Мануел Фанџо, пред него сега е само Михаел Шумахер со седум шампионски титули.

„Со Мерцедес сум поврзан од својата 13. година, а Фанџо има статус на легенда. Освојувал титули со Мерцедес. Ова е нестварно“, заклучил 33-годишниот Британец.

foto: epa

Меѓу првите новата шампионска титула на Хамилтон му ја честиташе големиот ривал од Ферари, Себастијан Фетел.

„Честитки за Луис, за титулата во конкуренција на возачите. Меѓутоа се уште трае борбата кај конструкторите. Решени сме тука да одиме до карјот. Никогаш не се предаваме“, рекол Германецот.

Кај конструкторите, во генералниот пласман Мерцедес има 585 бода, а Ферари 530.

Наредната трка за Големата награда на Бразил, на патеката „Интерлагос“, ќе се вози на 11.ноември.

Scroll to Top