Top Sport

Роналдо побарал трансфер

Кристијано Роналдо побарал од Манчестер Јунајтед дозвола да го напушти клубот доколку за него дојде задоволителна понуда, пишуваат англиските медиуми.

Легендарниот Португалец, минатото лето се врати на „Олд Трафорд“. Медиумите шпекулираат дека побарал трансфер бидејќи не Јунајтед нема да играат во Лигата на шампионите.

Роналдо, од 2003 година, не пропуштил ниту една сезона во елитното натпреварување.

Затоа тој наводно побарал од клубот да си замине бидејќи смета дека во него има доволно квалитет за уште три-четири сезони врвен фудбал и не сака да пропушта врвни натпревари.

Челзи и Баерн се поврзуваа со Роналдо во изминатиот период, но тогаш двата клуба ја отфрлија можноста да го доведат во своите редови.

Португалецот беше најдобар играч на Јунајтед во очајната сезона за клубот во кој не успеаја да се пласираат во Лигата на шампионите. Одигра 37 натпревари и постигна 24 гола.

Scroll to Top