Top Sport

Македонија ќе игра во тешка група на СП

Македонските ракометари немаа среќа на денешната ждрепка за Светското првенство кое ќе се игра наредната година во Полска и Шведска. Македонија во првата фаза ќе игра во Ф-група, во Краков, против Норвешка, Аргентина и Холандија.

На Мундијалот, во Полска и Шведска, од 12. до 29.јануари, ќе се натпревруваат 32 селекции поделени во осум групи со по четири репрезентации. Најдобрите три одат во следната фаза. Бодовите освоени во дуелите со тие ривали се префрлаат во новата група, каде секоја селекција ќе одигра уште по три натпревари.

Во втората фаза ќе бидат формирани четири групи од по шест репрезентации, а најдобрите две од секоја група ќе се пласираат во четвртфиналето на Светското првенство.

Светското првенство воедно е и квалификациско за пласман на Олимписките игри во Париз во 2024 година. Седумте најдобри селекции ќе останат во игра за пласман во најважното спортско натпреварување.

Титулата ќе ја брани репрезентацијата на Данска.

А група: Шпанија, Црна Гора, Чие, Иран
Б група: Франција, Полска, Саудиска Арабија, Словенија
Ц група: Шведска, Бразил, Африка 2, Уругвај
Д група: Исланд, Португалија, Унгарија, Јужна Кореја
Е група: Германија, Катар, Србија, Африка 5
Ф група: Норвешка, Македонија, Аргентина, Холандија
Г група: Африка 1, Хрватска, Африка 3, САД
Х група: Данска, Белгија, Бахреин, Африка 4.

Фото/macedoniahandball.com.mk/

Scroll to Top