Нов ден и нов скандал во режија на Кристијано Роналдо. Откако, синоќа, влезе од клупата во последните 16 минути, во убедливата победа над Швајцарија (6:1), Роналдо утрово не се појавил на тренингот.
За што станува збор? Според правилата на селекторот Фернандо Сантош, ден по натпревар, оние кои биле резерви имаат нормален тренинг, додека оние кои биле стартери одат во теретана и прават полесни вежби.
Утрово сите очекувале Роналдо да се појави на теренот со играчите кои мечот синоќа го почнаа од клупата или воопшто не играа, но тој имал поинаков план.
„Марка“, објави дека Роналдо продолжил со своето недолично однесување во Катар и дека утрово сам одлучил да не се појави на тренинг со резервите.
Оовј извор, пренесува дека Роналдо на крајот отишол во теретана и направил лесен тренинг со играчите кои го започнаа синоќешниот натпревар.
Исто така, овој шпански медиум, потврди дека Роналдо нема никаква повреда, поради која би го пропуштил тренингот. Португалците чекаат објаснување зошто не бил со резервите на тренинг.
Наводно, останатите играчи кои вчера беа резерви биле изненадени што Роналдо не се појавил со нив на тренингот.
Ќе биде интересно да се види како Сантошќе реагира на овој потег и дали од националниот тим ќе понудат некакво објаснување зошто Роналдо го пропуштил тренингот.