Роналдо Назарио (46) зборуваше за низа контроверзии и непознати детали од неговата богата кариера во новиот биографски документарен филм: „Феномен: Подемот, падот и искупувањето на Роналдо“ во продукција на ДАЗН.
По повод премиерата на филмот, тој даде интервју за „Марка“ во кое вели: „Во кариерата освоив се освен Лигата на шампионите, но титулата што ја освоив на СП 1994 не би ја менувал за ЛШ, иако не одиграв ниту една минута на тој шампионат, бидејќи за мене, како и за секој Бразилец, нема ништо поважно од титулата светски првак во фудбал.“
„Затоа светската титула во 2002 година е без сомнение најголемиот успех во мојата кариера, особено по се што поминав четири години претходно: повреди, пораз во финалето во 98 година, нападот што го преживеав ноќта пред финалето.“
Тогаш Роналдо беше запрашан на колку посто бил во финалето, бидејќи се знае дека едвај го преживеал нападот што го имал во сон и кој изгледал како епилептичен напад
„Во финалето на СП 1998 бев на 100 отсто иако преживеав напад претходната вечер.
Не треба да се мистифицира тој наш пораз од 3:0 и мојата лоша игра. Знаете, фудбалот е многу поедноставен од тоа како луѓето го прикажуваат Едноставно, тој ден Франција беше подобра од нас и моравме да го прифатиме тоа и да научиме од тој пораз“.
Роналдо откри дека во втората половина на 90-тите, кога имал серија сериозни повреди, бил воодушевен од Зинедин Зидан.
„Секогаш го ценев неверојатно, уште од нашата прва средба кога тој играше за Јувентус, а јас играв за Интер. Тогаш започна нашата врска полна со меѓусебно почитување и прекрасен однос. Сепак, тоа важеше само на теренот, надвор од него не се слушнавме ниту се дружевме.
„Затоа бев воодушевен од тоа што го направи кога ја доживеав втората тешка повреда во кариерата. Завршив во болница, направив операција и Зидан ме изненади кога дојде да ме посети како прв човек по членовите на моето семејство. Седна до мене и ми рече „Биди храбар, оздрави што е можно поскоро затоа што му требаш на фудбалот“. После тоа имавме срдечен разговор и многу ми значеше да го имам покрај мене во таков тежок период од мојот живот“.
Во тој период Роналдо паднал во депресија. Во филмот тој тоа му кажува за тоа на својот соиграч и пријател Роберто Карлос. Во интервјуто за „Марак“ тој вели:
„Одам на психотерапија веќе две и пол години и сега го разбирам многу подобро сè она што ми се случи и од што страдав. Сепак, треба да знаете дека јас сум дете на генерација која созреваше на таков начин, како да фрлите дете во џунглата. И тоа мораше да се направи без никакво преправање. Гледајќи наназад, гледам дека ние, фудбалерите од таа генерација, бевме изложени на огромен психички стрес без да бидеме подготвени за тоа. Покрај тоа, ова се случуваше на почетокот на ерата на интернетот, кога информациите почнаа да патуваат со невидена брзина. Тогаш воопшто не се водеше сметка за психичкото здравје на играчите. Фудбалерите од мојата генерација страдаа страшно, но сите се правевме дека депресијата не постои“. вели легендарниот Бразилец Роналдо.