Top Sport

Роналдо сака да се врати во Мадрид

Фудбалерот на Манчестер јунајтед и португалски репрезентативец, Кристијано Роналдо сака да се врати во Реал Мадрид. Роналдо моментално е со Португалија на Светското првенство во Катар.

Португалскиот фудбалер пред Мундијалот даде големо интервју за британскиот новинар Пирс Морган во кое ги критикуваше челниците на Манчестер јунајтед, менаџерот Ерик тен Хаг и соиграчите.

Британските медиуми тврдат дека раководството на „црвените ѓаволи“, со своите адвокати бара начин да ја прекине соработката со Роналдо, кој има договор со клубот од „Олд Трафорд“ до крајот на сезоната.

Каталонски „Спорт“ наведува дека менаџерот на Роналдо испратил понуда до Реал, за кој португалскиот фудбалер настапуваше девет години.

Роналдо во мадридскиот клуб треба би останал до крајот на сезоната како замена за Карим Бензема, кој поради повреда го пропушта Светското првенство во Катар.

Scroll to Top