Top Sport

Ѓоковиќ заработи рекордна сума на пари

Новак Ѓоковиќ пбеди на завршниот Мастерс, го израмни рекордот на Роџер Федерер и заработи рекордна парична награда. Во финалето, на Мастерсот во Торино, Ѓоковиќ го победи Каспер Руд со 7/5, 6/3 и по шести пат во кариерата го освои последниот турнир во годината.

Ѓоковиќ во Торино победи на сите свои натпревари, во групата славеше против Циципас, Рубљов и Медведев, во полуфиналето го победи Фриц, а во финалето Руд.

За петте победи, Ѓоковиќ доби рекордна парична награда од 4.740.000 долари.

Ѓоковиќ во Торино освои и 1.500 поени и тој од понеделник ќе биде на петтата позиција на АТП листата.

Scroll to Top