Top Sport

Роналдо сака да си оди од Ал-Наср, Саудиска Арабија била „далеку од модерно општество“

Кристијано Роналдо сака да си замине од Ал-Наср предвреме за да се врати во Европа, откако не успеал да се адаптира на животот во Саудиска Арабија, тврди шпанскиот „Мундо депортиво“.

Португалецот го изненади фудбалскиот свет кога по раскинот на договорот со Манчестер јунајтед во ноември, потпиша супер-богат двгодишен договор со саудискиот Ал-Наср. Иако сумата од 100 милиони евра по сезона го прави најдоброплаттен фудбалер на светот, според „Мундо депортиво“ тој не се навикнал на животот на Блискиот Исток, не бил импресиониран од фудбалските услови, но и од тоа што во Саудиска Арабија имал чувство деа е „далеку од модерните општества“.

Роналдо има 13 гола во 17 настапи за Ал-Наср, но неговиот клуб по неговото пристигнување го загуби првото место на табелата и заостанува 3 поени зад Ал-Хилал.

Ако реши да замине од клубот, Роналдо ќе треба да плати огромна сума на Ал-Наср, а може да добие и четиримесечна суспензија од натпреварувања. Засега се очекува тој денес да биде стартер за тимот против мечот со Ал-Шабаб.

Scroll to Top