Top Sport

Роналдо се резили за гол повеќе

Кристијано Роналдо продолжи да урива рекорди, но и да се резили за да извлече уште еден гол.

Иако има 38 години и сега игра во Саудиска Арабија, новиот селектор на Португалија, Роберто Мартинез сепак го повика да ги започне квалификациите за ЕУРО 2024 година.

Тој одговори на импресивен начин, со четири гола на два натпревари во претходните четири дена.

Рака на срце, противниците не беа од врвот на европскиот фудбал, по 4:0 против Лихтенштајн во Лисабон, на гости настрада и Луксембург со 6:0.

Роналдо постигна два гола против двата ривали, а во вториот меч ги постигна првиот и четвртиот гол на својот тим.

Со Луксембург стигна до 10 гола на 11 натпревари.

Човекот кој живее од голови и за голови се обиде да дојде до хет-трик, сепак, на нечесен начин.

Во второто полувреме се фрли во шеснаесетникот по еден дуел со домашниот стопер Максим Шано. За симулирање, романскиот судија Маријан Петреску му покажа жолт картон.

Роналдо моментално е на 122 гола во 198 настапи за репрезентацијата.

Scroll to Top