Кристијано Роналдо, незадоволен се враќа во Италија, по првите две квалификациски натпревари за пласман на ЕУРО 2020. Португалија освои само два бода во мечевите против Украина и Србија, што ги одигра на домашен терен.
Покрај неубедливата игра и неефикасноста, Португалците синоќа ги загрижи и повредата на Кристијано Роналдо. Напаѓачот на Јувентус играта ја напушти во 30 минута.
По мечот бил лут што судијата Марчињак не досудил пенал за Португалија во 73 минута, ги одбегнал српските медиуми, а за португалските рекол дека ќе паузира помеѓу две и три недели, поради повредата.
„Не сум загрижен поради мојата повреда. Го познавам своето тело, ќе бидам подготвен за две недели“, рекол Роналдо.
За спорната ситуација, наводно судијата Марњињак во признал „дека згрешил“. Марчињак најпрвин досуди пенал за Португалија, а потоа по асистенција на помошникот ја поништи одлуката.