Кристијано Роналдо се врати на работа кај италијанските шампиони Јувентус во прв ден од пред-сезоната на стартот на ерата на Маурицио Сари.
Роналдо и неговиот соиграч Блез Матуиди пристигнаа во медицинскиот центар на „бјанконерите“ за физички тестови, по што ќе се приклучат на тренинзите на тимот, кои почнаа во средата под водство на новиот тренер Сари.
34-годишниот Португалец во првата сезона во Торино играше во центарот и на левата страна и имаше 28 гола и 10 асистенции за клубот, а сега со Сари треба да одлучи каде ќе биде на позиција во 4-3-3 системот на поранешниот тренер на Челси.
Look ? who has arrived at #JMedical ? for his fitness check!!! @Cristiano ? #CR7JUVE pic.twitter.com/6hb1wxYrxL
— JuventusFC (@juventusfcen) July 13, 2019
.@Cristiano‘s tests are underway.#CR7JUVE pic.twitter.com/IDAkVe2kVf
— JuventusFC (@juventusfcen) July 13, 2019