Top Sport

Роналдо: Сите сме мотивирани за одбрана на титулата

Капитенот на Португалија, Кристијано Роналдо вели дека има огромна мотивација со неговата репрезентација да ја одбрани европксата титула, иако имаат супер-тешка група на ЕУРО 2020.

Португалија ја почнува одбраната против Унгарија во вторник, а во нивната група Ф се и „тешкашите“ Германија и Франција.

„Се чувствувам дури и помотивиран од 2004 година кога го играв првиот европски турнир. Ние сме актуелни шампиони и мислам дека сме меѓу фаворитите да ја освоиме титулата повторно“, вели Роналдо.

Португалската репрезентација покрај Роналдо во тимот може да се пофали и со ѕвездите на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш, на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс и на Манчестер сити, Рубен Дијаш, кој беше прогласен за најдобар фудбалер во Премиер лигата.

„Португалците можат да го очекуваат истото од нас како и секогаш – репрезентација полна со ентузијазам и амбиции. Позитивни сме и мислам дека ќе оствариме многу“, вели Роналдо, кој ќе го игра своето петто Европско првенство.

Scroll to Top