Кристијано Роналдо, речиси сигурно веќе нема да заигра за Манчестер јунајтед, откако во експлозивно интервју со Пирс Морган влезе во напад на клубот, менаџерот Ерик Тен Хаг и речиси сите поврзани со клубот.
Откако во текот на летото се шпекулираше дека тој побарал да си оди од клубот бидејќи не се појави на мечевите од пред-сезоната, Роналдо оттогаш повеќе помина време на клупата отолку во игра, и во интервју со Морган ги отвори картите пред Светското првенство и паузата во англискиот шампионат.
„Немам респект кон Тен Хаг, бидејќи тој не покажува респект кон мене. Ако не ме респектираш, јас никогаш нема да те респектирам“, вели тој за Тен Хаг, додека за поранешниот менаџер Ралф Рангни додава: „Донесоа човек кој не е ниту тренер, туку е спортски директор. Како ќе бидеш тренер? Немав слушнато за него“.
Откако неодамна Вејн Руни го критикуваше за однесувањето, Роналдо беше брутален кон поранешниот соиграч: „Не знам зошто ме критикува толку. Можеби бидејќи ја заврши кариерата, а јас уште играм на високо ниво. Нема да кажам дека изгледам подобро од него, иако е така“.
Тој призна дека минатото лето ги одбил Манчестер сити поради Сер Алекс Фергусон.
„Го следев срцето. Сер Алекс ми кажа: ‘Невозможно е да одиш во Манчестер сити’ и јас му кажав: ‘Океј, шефе’. Но прогресот во клубот е нула. Од заминувањето на Сер Алекс, нема еволуција. Ништо не е сменето. Дури и готвачите се исти. Сметам дека навивачите треба да ја знаат вистината. Го сакам најдоброто за клубот, затоа дојдов во Манчестер јунајтед. Но, има некои работи кои не ни помагаат да го стигнеме нивото на Сити, Ливерпул, а сега дури и Арсенал. Клуб со ваква димензија треба да биде на врвот и за жал не е така. Не ме сакаа во клубот, не само овој тренер, туку и претходниот и неколку други луѓе“, објасни Роналдо.
"I feel betrayed."
EXCLUSIVE: Cristiano Ronaldo tells Piers Morgan he feels like he's being forced out of Manchester United in an explosive interview.
90 Minutes with Ronaldo. Wednesday and Thursday at 8pm on TalkTV.@cristiano | @piersmorgan | @TalkTV | #PMU pic.twitter.com/nqp4mcXHB0
— Piers Morgan Uncensored (@PiersUncensored) November 13, 2022
"Since Sir Alex Ferguson left I saw no evolution in the club, the progress was zero."
Don't miss Piers Morgan's 90 Minutes with Ronaldo. Wednesday and Thursday at 8pm on TalkTV.@cristiano | @piersmorgan | @TalkTV | #PMU pic.twitter.com/VextyEu7f9
— Piers Morgan Uncensored (@PiersUncensored) November 13, 2022