Top Sport

Тејлор Фриц го зеде скалпот на Рафа Надал

Американскиот тенисер Тејлор Фриц го совлада Шпанецот Рафаел Надал со 2:0, по сетови 7:6(3), 6:1, за еден час и 39 минути игра во првото коло од „зелената“ група на завршниот Мастерс турнир.

Ова е трет последовен пораз на Надал и сите ги претрпе од тенисери од Соединетите Американски Држави. Претходните два му ги нанесоа Френсис Тијафо, Томи Пол, а вечерва загуби и од Фриц Тејлор.

Првиот сет беше решен во тај-брејк, претходно немаше брејкови, а Фриц пропушти три можности да му одземе сервис на Надал.

Сепак, во решавачката игра Американецот сосема заслужено поведе.

Првиот брејк во мечот се случи во четвртиот гем од вториот сет, Фриц ја искористи четвртата брејк шанса и поведе со 3:1.

Пресвртните моменти на натпреварот беа при следниот сервис гем на Надал. Шпанецот сервираше за да ја намали разликата, но потклекна по маратон, откако спаси четири брејк топки, но не успеа да го стори истото по петти пат.

Фриц дојде до недостижно водство од 5:1 и во следниот гем само ја заврши работата.

Во првиот натпревар од оваа група, Каспер Руд го совлада Феликс Огер-Алиас со 2:0 во сетови.

Второто коло е закажано за вторник, а двојките се Тејлор Фриц – Феликс Ожие-Алијасим и Рафаел Надал – Каспер Руд.

Scroll to Top