Кристијано Роналдо ставил „вето“ на можното доаѓање на Антонио Конте на клупата на Манчестер јунајтед пред тој да потпише за Тотенхем, додека од клубот се обидувале да го уверат дека следен менаџер на тимот ќе биде Зинедин Зидан, тврдат британските медиуми.
Шефовите на „Олд Трафорд“ наводно веќе се одлучени да го донесат Ерик Тен Хаг од Ајакс со четиригодишен договор, но околу изборот на следен менаџер имало случувања и по отказот за Оле Гунар Солскјер во ноември, тврди весникот „Манчестер ивнинг њуз“.
По отказот за Солскјер, постоеја шпекулации дека Конте само чека повик од тимот, но Роналдо имал „резерви“ околу неговото поставување, кои јасно ги искажал пред бордот на клубот. Неговиот агент Жорге Мендеш, наводно барал уверување дек Солскјер ќе добие отказ по 4:1 поразот од Вотфорд на 20 ноември, и го препорачал Хулен Лопетеги од Севилја како потенцијален наследник.
Според „МЕН“, врската на Јунајтед со Зинедин Зидан, кој работеше со Роналдо во Реал Мадрид било само „шема“ за да го усреќат Роналдо, бидејќи немало шанси Французинот да прифати работ во Премиерлигата.
Роналдо има договор со Јунајтед за уште една сезона, иако неговата иднина најверојатно зависи од тоа како ќе се сложува со следниот менаџер на „ѓаволите“.