Top Sport

Роналдо тера по свое, ќе играл во Амстердам

Кристијано Роналдо нема да се откаже од намерата да биде тимот на Јувентус, во првиот осмина-финален натпревар против Ајакс, во Амстредам. Вчера, тренерот Масимилијано Алегри, на новинарите им рекол дека Португалецот нема да игра на 10 април.

Кристијано Роналдо, се повреди минатиот понеделник, на квалификацискиот натпревар Португалија-Србија (1:1), во Лисабон.

Иако тој напорно работи и оди на терапии во клубот не биле подготвени на ризик, тој да настапи во Амстердам. Тренерот му порачал да се подготви за реваншот со Ајакс, на 16 април во Торино.

Сепак Португалецот рекол дека го познава своето тело и тврди дека за неколку дена ќе биде подготвен да се врати во натпреварувачки ритам.

Роналдо нема да игра вечерва против Калјари и викендов против Милан.

Scroll to Top