Top Sport

Гризман 1000 отсто ќе остане во Атлетико

Претседателот на Атлетико Мадрид, Енрике Серезс, ги демантирал шпекулациите дека Антоан Гризман ќе го напушти клубот.

Медиумите во Шпанија, по елиминацијата на Атлетико во Лигата на шампионите, започнаа да го селат Гризман во Барселона.

Фудбалерот демантираше со зборовите „дека му е смачено од таквите шпекулации“, потоа тренерот Диего Симеоне рекол „дека не може да го замисли тимот без Гризман“, а сега се огласи и првиот човек на клубот.

„Можам да потврдам дека Гризман 1000 отсто ќе биде фудбалер на Атлетико и наредната сезона“, рекол Сересо.

Антоан Гризман, оваа сезона има одигра 40 натпревари за Атлетико, на кои забележал 18 гола и девет асистенции.

Scroll to Top